Охрид, 5. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.
УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 36. степени.
– До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес