август 10, 2017

Охрид, 10. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 36. степени, а УВ индексот ќе биде 9.

– До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се` уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во раите на просекот за овој период од годината, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука