јуни 26, 2017

Охрид, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

vremenska260617– До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука