Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.
– Следува период на претежно сончево и топло време. За време на викендот во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во недела. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 24