Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне сончево и топло. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– Од утре следува период на стабилно и топло време, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 17