јули 9, 2019

Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне, претежно во северните и западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука