Охрид, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.
УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.
– Под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога на места максималните температури ќе достигнат 41. степени, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 16