Охрид, 7. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста. Од утре во некои реони ќе биде активирано и портокалово ниво за опасност од високи температури, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 17