Охрид, 29. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
УВ индексот има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степен.
– Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, кој од недела ќе го промени правецот во југоисточен. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 24