октомври 2, 2019

Охрид, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– Во четврток ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука