септември 19, 2017

Охрид, 19. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозпаден ветер, повеќе изразен во западните делови.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд и умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне и тоа за 10 до 12 степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука