Охрид, 27. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец.
Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.
– До вторник ќе се задржи сончево и топло време. Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд. Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 70