јули 30, 2017

Охрид, 30. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– Следува период на претежно сончево и многу топло време. Денес и утре во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло се очекува да биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура ќе достигнува 40 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука