Охрид, 19. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се задржи сончево и топло време, со мала облачност и слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура се очекува да достигне 34 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
– Времето ќе биде топло и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: архива/метео