Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.
– Во вторник во текот на денот ќе настапи наоблачување проследено со локален пороен дожд, засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. Позначително опаѓање на температурата се очекува во среда, кога во јужните делови претпладне се уште ќе има повремен дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 23