септември 16, 2017

Охрид, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло, со надпросечни дневни температури. Ќе два слаб до умерен јужен ветер.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.

– За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, така што дневните температури насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а в среда ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер што ќе придонесе позначителен пад на температурата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука