јули 23, 2017

Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северната половина од земјата ќе има локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Утре и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја. Од вторник се очекува промена на временската состојба, кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фоот: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука