септември 24, 2017

Охрид, 24. септември 2017  (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во западните делови ќе има локален дожд, што во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УВ индексот ќе биде 5, а максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Денес ќе биде релативно топло преку денот, а во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален дожд во западните делови, што во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места низ земјава. Потоа од понеделник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука