октомври 18, 2019

Охрид, 18. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод „18-ти Октомври – Европскиот ден на борба против трговија со луѓе“, охридскиот Црвен крст, денес напладне, на Градскиот плоштад во Охрид ќе организира јавен настан.

Волонтерите ќе изведат реален приказ за тоа што може да се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе.

Целта е да се подикне нивото на свест во јавноста за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука