јули 29, 2017

Охрид, 29. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– За време на викендов како и во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени. Во недела и понеделни попладне во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука