Охрид, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Детското одморалиште „Радости“ во Охрид, денес ќе се одржи поетската манифестација „Детски лирски треперења“.
Оваа манифестација е традиционална, а годинава се одржува по 38 пат.
Исто така ќе се организира уште една литературна манифестација – „Недовршен расказ“ на тема сообраќајот и екологијата.
Манифестациите се во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 66