Охрид, 27. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид моментално има 183 активни случаи на Covid-19 со што градов е на осмо место на државно ниво.
Во последниот извештај се беа регистрирани 4 новозаболени лица и 10 оздравени.
Од почетокот на месецов има 192 нови случаи, оздравени се 463 пациенти, а починаа 11 лица.
Заклучно со 24-ти овој месец во Охрид со две дози вакцина против Covid-19 се имунизирани 58,7% од населението над 12 години, а изминативе десетина дена е значително зголемен интересот за примање трета доза вакцина.
Националниот комитет за имунизација препорача граѓаните што примиле прва и втора доза од вакцините на кинеските производители „Синофарм“ или „Синовак“ ќе може да примат трета „бустер“ доза после три месеци по прием на втората доза. Оние пак кои се имунизирани со друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да прими после поминати шест месеци од ревакцинацијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес