Охрид, 3. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во републикава се намалува бројот на заболени од грип, но според Институтот за јавно здравје, најмногу заразени се регистрирани во Охрид.
Студениот бран и продолжениот зимски распуст значително го намалија бројот на пациенти со респираторни инфекции и зголемена температура. Сепак, лекарите предупредуваат дека сезоната на грип не е завршена. Според прогнозите, од средината на февруари се очекува повторно скок на температурите со можност да се врати нов бран на појава на вируси.
Најголем дел од заболени моментално има во Охрид, Прилеп и во Скопје. Минатата недела бројката на заболени лица од грип во Охрид беше 228. Најкритично е за лицата на возраст од 15 до 65 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18