септември 23, 2017

Охрид, 23.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на Локалните избори, 15-ти октомври и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

Охрид беше меѓу 12-те општини во земјава ја прифати Иницијативата како и Предлог Одлуката за распишување референдум на локално ниво околу прашањето за доселување на лица, баратели на азил, а до инспекторатот бил доставен извештај од јавното општинско гласило во кој е објавен референдум.

Иницијативата како и Предлог Одлуката за распишување референдум на локално ниво беа поднесени од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Најголема дискусија што се разви меѓу советниците беше околу законската издржаност на иницијативата за референдум, како и надлежностите на советот.

Токму како причина за донесување на ваква одлука од страна на инспекторатот е членот 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука