Охрид/Струга, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јули 2024 година, во 21:45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се 25-годишно лице од Струга и 30-годишен прилепчанец.
– При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 64