Во Охрид приведен битолчанец баран со потерница поради кражби
јануари 4, 2025

Охрид, 4. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри јануари 2025 година, во 21:00 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено е од слобода 39-годишно лице од Битола.

– Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука