јануари 23, 2017

Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на североисток и со слаб ветер од југоисточен правец.

По котлините ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Од доцните вечерни часови ќе започнат врнежи од слаб снег од југозападот на земјата.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 3. степени.

vremenska230117– Од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет. Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе се од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука