Охрид, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска Охрид е домаќин на 14-те Синдикални игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.
Свеченото отворање е во спортската сала „Климент Колевски“, а ќе присуствува и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– И овој пат ќе се обидеме преку спортскиот дух на учесниците, да ги зближиме нашите членови и на момент да ги ослободиме од секојдневните работни обврски и домашни активности. Покрај спортот, членовите, преку непосредни средби, ќе можат да разменуваат искуства и пракси за надминување на секојдневните работнички проблеми, велат од Македонскиот полициски синидкат.
Синдикалците ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, атлетика, шах, стралаштво и пикадо. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива