Охрид, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи последната сесија од Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“.
Организатор е Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Филозофското друштво на Македонија.
Годинешна тема на собирот е „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“.
Покрај во Охрид, измиативе два дена настанот се одржа во Скопје ио Битола, а учествуваат истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Франција, Русија, Србија и Македонија.
Сесијата во Охрид ќе се одржи во куќата „Уранија“, со почеток во 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21