декември 1, 2017

Охрид, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни во западните и источните делови. Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Денес ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во западните и источните каде локално се очекува да наврнат над 50 л/м2. В сабота и в недела врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука