Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве во Охрид и Скопје се снимаа делови од емисијата „Килиманџаро“ на италијанскиот национален Тв канал RAI 3, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
– Во соработка со АППТ во тек е информативното патување на екипа од емисијата „Килиманџаро“ која се прикажува на италијанскиот национален Тв канал RAI 3. Претставници од продукциската куќа „Pandataria Film“, ги посетија Скопје и Охрид, во рамките на серијалот „Европски престолнини“, потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Додаваат дека оа наредниве денови репортажа ќе се снима и во Маврово. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39