септември 17, 2017

Охрид, 17. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло со над просечни дневни температури за овој период. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– Дневните температури денес насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината, а во западните делови ќе дува повремено засилен југозападен ветер. Во понеделник над просечно топло ќе биде кон југот и истокот од земјата. Во среда и четврток ќе има зголемена облачност со појава на повремен дожд, претежно во западните делови, ќе дува повремено засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука