Охрид, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според најавите на метеоролозите, денеска во Охрид ќе се задржи сончево време со со слаб источен ветер.
Максималната температура се очекува да достигне 30 степени, а УВ индексот има вредност 7.
До крајот на август ќе имаме претежно стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 19