Охрид, 28. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – И Охрид ќе се приклучи во одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот.
Настанот ќе се одржи во недела, 1-ви април од 11:00 часот во големата сала на општина Охрид, во организација на Здружението „Нефрон“ од Скопје.
Годинашната тема по повод Светскиот ден е „Бубрезите и женското здравје“. По тој повод, свое обраќање ќе има др. Василије Томаноски, како и претставници на „Нефрон“.
Светскиот ден на бубрегот е заедничка иницијатива на Меѓународното здружение по нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на фондации за бубрези (IFKF). Светскиот ден на бубрегот се одбележува од 2006 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22