Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Психолошкиот центар „Solution“ од Охрид во недела, 26-ти февруари, ќе организира семинар под наслов „Модерен наставник“.
За учесниците на семинарот ќе бидат предвидени сесии за дискусии и интерактивна работилница. Предвидена е презентација на предавачот на тема: „Што е модерен наставник“, „Како комуницира и какви прашања поставува модерен наставник“ и „Можни начини на справување со различни однесувања на деца“.
Предавач ќе биде Марија Дамјановска – НЛП мастер тренер и НЛП коучер сертифициран од НЛП Холандската школа Bureau land.
Котизацијата за учеството изнесува 500 денари, додека пријавувањето е најдоцна до 22 февруари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40