август 18, 2019

Охрид, 18. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, вечер во 20:30 часот ќе биде промовиран во Охрид во рамки на 31-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“.

Промоцијата што ќе се одржи во МАНУ, Куќата на Уранија во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“, е завршна активност од годинашната програмата на културната манифестацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука