април 18, 2017

Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви април, петок, Македонска берза во Охрид ќе ја одржи својата 18-та Годишна конференција.

Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје е посредничка финансиска установа во Македонија. Организирана е како акционерско друштво со седиште во Скопје и се занимава со организација, извршување и регулирање на трговијата со хартии од вредност.

Таа е прва и единствена финансиска установа од ваков тип во историјата на Македонија, а нејзиното работење се заснова врз Законот за хартии од вредност.

Конференцијата ќе се одржи во хотел „Метропол“, со почеток во 09:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука