Струга, 12. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Дрим“ во Струга, утре ќе започне со работа вториот конгрес на медицинските сестри.
Овој голем едукативен настан на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри со меѓународно учество ќе се одржи на тема: „Здравствената нега – научна дисциплина“.
Оваа година Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За нас“ за прв пат како рамноправна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри го организира овој настан, а за прв пат ќе бидат доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46