Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со театарската претстава „Цветко и неговата градина“ во петок започнува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња под мотото „Културата расте со децата“. Тетарската претстава ќе се одржи на сцената кај ТЦ „Амам“, со почеток од 20:00 часот.
„Цветко и неговата градина“ е најновата хит претстава за деца во продукција на театар „Хит“ од Скопје, која е создадена тематски за зачување на животната средина, за природата, екологијата, но и за здравата храна. Низ призмата на оваа претстава децата со театарски јазик создаден да биде разбирлив за нивната возраст ќе дознаат низ вузуелен пример колку е важно да ја чуваме и негуваме природата, да не ги уништуваме дрвата, езерата, реките, тревата, цвеќињата, парковите и шумите, бидејќи тие се изворот на чист воздух за сите. Секоја лоша постапка кон нив може да се рефлектира на нашето здравје. Тоа што исто така сакаме да го истакнене е дека многу е важно во исхрана да внесуваме здрава храна – зеленчук, овошје и мешунки. Низ низа комични драмски ситуации, со многу едукативни педагошки елементи, но и со многу интеракција со децата ќе дојдеме до важната порака – Чувај ја природата, јади здрава за да имаш живот без маана. Целото дејство се случува во куќичката на шумскиот принц Цветко кој ги чува и негува сите шуми, но има и преубава градина со зеленчук и овошје. Но, неговиот најголем проблем е тетка Лошка кои низ многу интересни и комични ситуации му создаваат проблеми со лошо однесување кон природата. Принцот Цветко заедно со другарот Тино, ама и со децата од публиката успеаваат заедно да го променат однесувањето на тетка Лошка. Благодарение на децата од публиката и шумскиот принц Цветко, тетка Лошка го менува своето однесување кон природата и заеднички почнуваат да создаваат своја градина каде ќе одгледуваат зеленчук и овошје – здрава храна, информираат организаторите.
Претставата изобулува со оргинална изработена: сценографија, костимографија, реквизити и музика. Важен дел од претставата се интерактивните, едукативните и педагошките елементи кои во секоја сцена се застапени и со тоа претставата ја има својата оригинална и несекојдневна нитка. Играат Магдалена Ризова-Черних, Бранко Атанасов, Сашо Ристовски и Ема Давчева. Сашо Ристовски е автор и режија, а сценографијата и костимите се на Диди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива