Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок и сабота ќе се одржи второто издание на Ohrid Jazz Festival, во организација на Општина Охрид.
Манифестацијата започна минатата година во насока на збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
Во петок, на 23-ти август ќе настапат Драган и Ратко Даутовски со проектот „Звукот на исконот“, а во сабота, на 24-ти август е предвиден настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал) и Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас.
Ohrid Jazz Festival ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 139