Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) Охрид ќе се одржи работилницата за можностите за користење на програмите од Европската Унија.
Свои обраќања пред студентите ќе имаат советници за различни области во Министерството за образование и наука: Олга Дуковска Атов, Александар Тутновски, Марина Николовска и Станка Петковска, по што ќе следи и отворена дискусија.
Настанот е во организација на Министерството за образование и наука, а ќе започне во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 106