јули 5, 2017

Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за туризам и ЛЕР при Општина Охрид, и годинава традиционално ја организира манифестацијата „Бело лето“ со која симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.

Официјалниот почеток на оваа летна туристичка сезона ќе биде означен во петок, на 7-ми јули во предворјето на црквата „Света Софија“ со прикажување на драмата „Коштана“ во изведба на театарот „Славија“ од Белград, Република Србија.

Во сабота, на 8-ми јули, на плажата „Лабино“ со свој перформанс ќе настапи светски реномираниот џез музичар Владимир Василески – Четкар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука