Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 19 мај, во Галеријата на Робевци од НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј на Охрид, ќе биде отворена традиционалната изложба по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музејските работници.
Годинава изложбата ќе се организира по 27-ми пат.
На оваа изложба како и секоја година ќе бидат изложени дела на уметници кои изложувале во последните години во галерија Робевци.
Изложбата ќе биде отворена со почеток во 19 часот, а за посетителите ќе биде достапна да се погледне до крајот на месецов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16