Охрид, 2018. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ги известуваат граѓаните дека во петок, на 20-ти април, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај патниот правец од село Косел до село Вапила поради изведување на градежните активности за асфалтирање на патот.
– Надлежните служби на овој простор навремено ќе постават сигнализација за пренасочување на сообраќајот, информираат соодветните служби при Општина Охрид. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: архива
Прочитано: 28