мај 30, 2018

Дебрца, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 1-ви јуни ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци на подрачјето на општина Дебрца.

Од Центарот за јавно здравје Охрид информираат дека третирањето ќе биде од земја во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Белчишко блато и крајбрежјето на Голема река со опфат на Грко поле, Средоречје и Ново село.

За таа цел потребно е пчеларите и пчеларскитterдруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворени телефони за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046/ 231 881 и 046/ 230 231. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука