Охрид, 9. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во првата недела од декември, во Охрид се регистрирани 81 новозаболено лице од COVID-19.
Ова е речиси двојно повеќе споредено со првата недела од ноември, кога беа регистрирани 48 лица.
За седум дена во декември има дури 7 починати пациенти, а во текот на цел минат месец починаа четворица. Во анализираниот период има 174 оздравени лица.
Моментално во Охрид има 209 активни случаи. Нема притисок врз болничките капацитети, благодарение на високиот процент на имунизирано население. И според најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Охрид и понатаму е на второ место на државно ниво во однос на опфатот на населанието со вакцинација против COVID-19.Заклучно со 4-ти декември со две дози вакцина се имунизирани 60,7% од лицата над 12 години, односно 65,3% охриѓани над 18 години. Во однос на опфатот на вкупната популација вакцинирани со две дози се 53,4%.
На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Охрид (Охрид, Струга и Дебар) вакцинирани се 41,2% од вкупната популација. Во Струга вкупниот опфат со вакцинација е 36,6%, а во Дебар 28,5% што и понатаму е меѓу најниските на државно ниво. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес