Охрид, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина од месец ноември во Охрид се регистрирани 114 нови случаи на COVID-19.
Во овој период вирусот го победиле 61 пациенти, а починаа 2 лица. Моментално во градов има 238 активни случаи на вирусот. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 6.291 случаj на лица заболени од COVID -19, како резултат на компликации предизвикани од вирусот починаа 274 пациенти, а оздравени се 5.779 лица.
Заклучно со 13-ти овој месец во Охрид со две дози вакцина против COVID-19 се имунизирани 59,6% од населението над 12 години, а забележлив е и големиот интерес за примање „бустер“ доза. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 20