јануари 25, 2017

Битола/Ресен, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Состојбата низ Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Битола, Железнец и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Намалена видливост поради појава на магла од 150 – 200 метри има на патниот правец Гостивар – планински премин Стража и до 70 метри на планинскиот премин Плетвар. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука