Охрид, 16. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Павле Камилоски подготви нова новогодишна песна за публиката. Насловена е „Иде Нова година“, музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот на Ксенија Николовска.
Гласот на Камилоски поддржан од веселите ѕвона и дечињата кои пеат во хор во песната прават хармонија која потсетува на новогодишните желби и радости.
Аранжманот е дело на Дамир Пух, додека хорскиот аранжман е на Наташа Миха. Малите славејчиња од детскиот хор „Крешендо“ под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска внесуваат празничната хармонија давајќи и на музиката топлина и радост. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21