Скопје/Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера започнаа да се применуваат одредбите на подзаконските акти од Правилникот за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор, од Законот за енергетика.
Во изминатиот период во неколку градови беа организирани обуки за примена на софтверска алатка за следење и управување со потрошувачка.
Беа претставени и модулите на софтверската алатка ExCITE, со практични примери за внесување на податоци во информатичкото решение за следење и управување со потрошувачката на енергија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30